понеделник, 22 декември 2025

Министерот за спорт на Египет откри какви се плановите на Салах

Објавено на

часот

Сподели

Мохамед Салах и Ливерпул подолго време преговараат за продолжување на соработката, но никако да си подадат рака за нов договор, се шпекулира дека напаѓачот бара огромна плата за да остане верен.

Во последно време напаѓачот се спомнува како една од желбите на Чави и Барселона, а од поодамна кружат гласини за можноста тој да го наследи Килијан Мбапе во ПСЖ.

Министерот за спорт на Египет, Ашраф Соби сега откри дека го советувал Мохамед Салах да замине од Енфилд, но играчот сака да стави потпис на нов договор.

„Се сретнав со Мохамед Салах на аеродромот по мечот со Сенегал и неуспехот да се обезбеди настап на Светското првенство. Разговаравме и му кажав да заборави што се случи и да се фоксира на работите што треба да се случат“ – вели Ашраф Соби.

„Го советував да се испроба во друг клуб, но неговата одлука е да го продолжи договорот со Ливерпул“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ