понеделник, 22 декември 2025

Милевски: Знаеме кој е фаворит, но дојдовме во Порто да победиме!

Објавено на

часот

Сподели

Македонија утре го игра најважниот меч во својата историја, на „Драгао“ се среќава со Португалија и ќе се бори за настап на Светско првенство.

„Како и со Италија, знаеме кој ја носи фаворитската улога на овој меч, знаеме која е Португалија, со каков квалитет располага, нема потреба да ги набројувам сите тие имиња кои играат. Но ние не сме тука дојдени како туристи. Напротив, дојдовме да победиме!“ – рече селекторот Боби Милевски на прес конференцијата.

„Никој не очекуваше дека ќе се најдеме во ова финале, но чекор по чекор го потврдивме квалитетот и заслужено се бориме за место на СП 2022. Сатоа повторно имам само една порака до фудбалерите – да уживаат, да излезат на терен и уште еднаш да го покажат својот потенцијал и своето срце“.

Неизбежно беше и прашањето за првата ѕвезда на Португалија, Кристијано Роналдо.

„Кристијао е можеби најдобар во светот години наназад, но тој не игра сам, играат уште десетмина. Португалија не е само Роналдо, ќе треба да се концентрираме на тимот, а не на поединци“.

„Фаворитот е јасен, тоа е Португалија, и според рејтинг и според традиција, но Македонија не случајно е тука“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ