вторник, 23 декември 2025

Милевски: Македонија не е случајно тука, подготвени сме за Италија

Објавено на

часот

Сподели

Утре македонската фудбалска репрезентација има нов историски предизвик, првпат играме бараж за пласман на Светско првенство.
 
Селекторот Милевски на кого утре му е роденден, вели дека Македонија е подготвена, не сме случајно тука, а на фудбалерите ќе им порача само да уживаат во натпреварот.
 
„Спремни сме и сите се подготвени. Не сме тука случајно и очекуваме да одиграме голем меч. Спремни сме и за продолженија. Утре нѐ чека одлучна атмосфера, а ние ќе се обидеме да се вратиме со добар резултат. Македонија неслучајно е тука, покажа квалитет во квалификациите и треба да уживаме и да го дадеме максимумот утревечер“, вели Милевски.
 
Реален сум и секогаш тргнувам од сопствените редови. Македонија има цел во иднина да стане секогаш конкурентна во квалификации за Европско и Светско првенство. Рано е да се зборува дека сме дел од европскиот крем. Далеку сме од тоа, но имаме талент и потенцијал да бидеме поблиску до европскиот врв“.
 
„Атмосферата е одлична и можам само да посакам вакви момци. Дилеми околу тимот немам, составот ми е познат и верувам дека и по тренингот вечерва сите ќе бидат здрави и спремни. Верувам дека сме подготвени за секое сценарио утревечер. Го почитувам Манчини и неговата работа, тој е најзаслужен што Италија е европски првак, но секој си има свој план, така и Манчини, како и јас. Се надевам дека сме подготвени и физички да играме повеќе од деведесет минути. Последната моја порака утре ќе биде сите фудбалери да уживаат во натпреварот“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ