„Преговорите се во тек, но оваа криза во Украина ќе потрае, не само како војна, поствоен ефект ќе има, се е разрушено, ќе треба да се обнови. Даваат ултиматум градот да се предаде, не сме 1945-та градот да се предаде на Русија. Војната ќе потрае, некои анализи кажуваат до мај, но како и да е, обновата, враќањето во нормала. Мило ми е што Македонија секогаш била на страната на позитивците, на оние кои биле за мир, никогаш не сме биле на страната на агресорите“, истакна Милевски
Во врска со протерувањето на рускиот амбасадор во Македонија, Милевски рече дека тој сам треба да си отиде, да ја осуди оваа агресорска политика на неговата држава. Некои анализи покажаа дека 60 отсто од жителите на Москва се против оваа политика на Путин. Мислам тој амбасадор ако има грам совест, бидејќи и тој има фамилии, има роднини, сам треба да се откаже од амбасадор и да ја напушти оваа функција, рече Милевски






