недела, 21 декември 2025

Милер не мрда од Баерн Минхен, го продолжи договорот до 2024 година

Објавено на

часот

Сподели

32-годишниот офанзивен фудбалер на Баерн Минхен останува во клубот откако потпиша продолжување на соработката за уште две години.
 
„Рекордниот шампион останува со рекордните шампиони, Баерн Минхен и Томас Милер се договорија за продолжување на договорот до 2024 година“, стои во соопштението на клубот.
 
Милер во Баерн Минхен е уште од 10 годишна возраст. Професионалец стана во 2008 година. Со Баерн Минхен има освоено 11 шампионски титули во Бундеслигата, ниту еден германски фудбалер не станал повеќе пати шампион од него.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ