„Во војна во која не учествуваш, тргни се на страна и чекај. Ниедна од тие држави не е баш демократска. Ни Украина не е демократска. Да беше, ќе почнеше преговори со Европската Унија или ќе имаше некаков статус. Што да кажеме, дека Украина е иста како Хрватска или Романија: Не е иста“, кажа тој.
„Русија сигурно не е демократска држава. За жал, не беше ни Украина. За таков вид конфликт доволно е едната држава да е автократска. А другата држава како Украина немаше чадор, немаше заштита. Но кога станува збор за државите како, на пример, Хрватска и Унгарија, или Австрија и Словенија, можност за војна не постои“, кажа Милановиќ.
Додаде дека за танго се секогаш потребни двајца, но дека за војна е потребен еден.
„Русите имаат 150.000 војници. Јас кажував дека со тоа не може да освојат, јас во тоа не можам да верувам“, кажа Милановиќ.
Кажа дека рускиот претседател Владимир Путин сега сите ги уценува во комплицираната ситуација со рускиот гас.
„Тоа е генијална фора, тоа е зона на комфор и некои тоа нема да може да го одбијат (мислејќи на плаќањето на рускиот гас во рубли). И така рубљата падна на 80 за долар, тоа зборува колку тие системи се нестабилни. Што значи дека рубљата не е ни силна ни слаба, само една изјава може да има ефект на нејзината стабилност“, кажа хрватскиот претседател.
„Ако војната не заврши брзо, ќе биде уште потешко. Русија има алтернативи. Хрватска има некои алтернативи. Германија користи многу повеќе гас во индустријата. Хрватска тука е во многу подобра позиција од некои други, поради географијата“, заклучи Милановиќ.






