„Ако Брисел не ја разбира доволно ситуацијата, тогаш тоа дипломатијата треба да го објасни“, им кажа тој на новинарите.
„Хрватска не ја распарчува БиХ, ниту планира некаква агресија, а ни Србија ни Русија него прават тоа, бидејќи не можат. Ова не е првпат кога со месеци трпиме глупости од Брисел… Хрватскиот интерес е рамноправност за сите три народи во БиХ. Тоа е многу важно за стабилноста на таа држава“, кажа хрватскиот претседател.
Истакна дека НАТО никогаш не доживеал траума за да се зборува за негова смрт.
„Но, има проблеми. Никогаш НАТО немал мозочна смрт. Го спомнавте дронот, тоа ни Унгарците не можеле да го идентификуваат. Тоа не може НАТО да го прави, тоа не е работа на НАТО. Освен ако влеземе во светски конфликт и се активира членот 5. Тогаш НАТО го презема вашето небо, а тоа го можат само САД, не го можат ни Англичаните“, кажа.
„САД ја гарантираат безбедноста во НАТО. Ние таму влеговме поради Американците“, додаде Милановиќ.
„Овие возила, хеликоптери се американски подарок. Во НАТО е сè рационално. Постојат способности кои ги имаат само Американците. Кога гледам дека Русија експериментира со ново хиперсонично оружје, не се чувствувам добро. Сакам тоа да го има и мојот заштитник, не знам зошто го нема“, кажа тој.
„Русија е студена и мрачна држава, не можеме да ја мериме по нашите стандарди, тие се поинакви“, заклучи хрватскиот претседател.






