Милан се врати на лидерското место во Серија А, „росонерите“ беа под притисок откако два натпревари немаа постигнато гол и Интер ја совлада Специја, но избраниците на Пиоли одговорија на предизвикот.
По десет минути игра, домаќините поведоа со 1-0. Калулу одлично нафрли од десната страна а Рафаел Леао ја затресе мрежата.
Трите бода беа осигурани во финишот од мечот, Месиас од втора успеа да го совлада Сиригу и да ги постави конечните 2-0.






