Свен Ботман ќе биде првото засилување на Милан за сезоната 2022/23, ова попладнево го пренесе новинарот Скот Вилсон. Тој пренесе дека „росонерите“ му нанеле удар на Њукасл на трансфер пазарот и договориле зделка со Лил вредна 33 милиони евра плус бонуси.
Милан на Холанѓанецот ќе му понуди петгодишна соработка и плата од 3,5 милиони евра по сезона.
Новинарот Фабрицио Романо пак пишува дека Милан е многу блиску до комплетирање на трансферот на Свен Ботман, преговорите се во напредна фаза и зделката се „крчка“ со месеци.






