За случајот „Плацеви на Водно” обвинението беше поднесено на 12 мај 2021 година по што Кривичниот суд го прифати на 22 јуни истата година.
Судскиот процес почна лани, на 16 јули. Според обвинението, Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиските донации што ги добивал, лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра.
Од октомври 2012 до септември 2013 година, парите ги потрошил со купување градежно земјиште на Водно. Во текот на судењето се откри дека тој земјиштето го “трампал” за три луксузни стана во комплексот “Панорама” на Водно, а му беа откриени уште два стана, уште едно земјиште на Водно и две парцели во Крушево.






