Тој тврди дека власта се обидува да ја скрие вистинската намена на тие 900 милиони евра.
„Прво ќе излезат и ќе кажат дека биле 900 милиони евра за буџетска поддршка, за ликвидноста на буџетот. Видоа дека таа приказна тешко проаѓа и наидува на критика во јавноста, па потоа се обидоа на мала врата да протнат една друга теза дека се потрошени државните резерви во четвртиот квартал од минатата година и првиот квартал од годинава, нешто повеќе од 12 проценти од вкупниот волумен на државни резерви, па требало тие да се покријат. Суштината е нешто друго и повторно главен играч тука е ДУИ, а СДСМ е само набљудувач на тој процес“, рече Мицкоски.






