петок, 19 декември 2025

Мицкоски: И потпретседателката на Бугарија Јотова нѐ враќа во времињата на фашистичката окупација

Објавено на

часот

Сподели

„Гледам и дека потпретседателот на Бугарија продолжува со неевропските вредности и негирањето на македонското малцинство во Пиринска Македонија и тоа навистина нема никаква врска со европските вредности кои овие политичари треба да ги промовираат, напротив, нѐ враќаат во едни минати времиња, во времињата на бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна овде во Македонија, на жртвите кои македонскиот слободарски народ ги има дадено за да создаде своја демократска држава и да можеме ние денеска да го живееме ова што го живееме и да се ослободи од еден таков фашистички окупатор каков што бил бугарскиот за време на Втората светска војна. Јас после оваа провокација и овие изјави дадени овде во Македонија навистина немам што да додадам, освен со чудење да констатирам дека не знам кој е тој политичар или историчар кој ќе седне на маса заедно со неговите колеги од кај нашиот источен сосед и да продолжи да преговара за постигнување договор барем до јуни. Ако ова е да си најдат некаков изговор зошто повторно да ја блокираат Македонија, тогаш се прилично успешни“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање поврзано со отворањето на бугарски клуб во Битола под името „Ванчо Михајлов“

Мицкоски рече дека бугарскиот премиер Кирил Петков  прво што треба сега да направи е да отвори најмалку два културни клубови во Благоевград и во Сандански за Македонците кои живеат во Пиринска Македонија..

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја повика меѓународната заедница и ЕУ да стави крај, како што рече, на неевропските егзибиции од страна на официјална Софија бидејќи „овде во Македонија нема кого повеќе да повикува бидејќи станува збор за некредибилни политичари кои што освен криминал, корупција, срам и безидејност, друго не знаат што да прават“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ