четврток, 9 април 2026

Мицкоски и градоначалникот отворија пазар во Кавадарци

Објавено на

часот

Сподели

„Ако е тоа вистина сум згрозен, бидејќи еден Рашковски се замени со друг, но јавноста треба да знае дека тие крадат за некој друг, за тој што ги поставил таму и многу малку останува за нив. За нив останува срамот и за жал сѐ повеќе се разочаруваат и ако некој сѐ уште си го поставува прашањето зошто Македонија се намалува и граѓаните се селат, тоа е токму поради овие причини“, рече Мицкоски.

Тој изрази надеж дека ќе се случат предвремени избори оценувајќи дека според последните анкети повеќе од 75 проценти од граѓаните мислат дека актуелната Влада ја движи Македонија во погрешен правец и дека треба да си замине.

„Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се фати во костец со решавање на проблемите и ќе ги решава проблемите согласно можностите кои што ги има“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски изјави дека е подготвен да разговара за ново изборно решение, нагласи дека ќе разговара и за бришење на процентите и дека очекува поддршка и од останатите политички партии за една изборна единица.

„Подготвен сум и да разговарам за бришење на Бадинтерот, бришење на балансерот бидејќи гледам дека одредени политички субјекти сакаат постепено да го напуштат Охридскиот рамковен договор. Тогаш ајде заеднички да создадеме општество кое што ќе го проектираме од денеска па за следните 50 години”, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ