петок, 26 декември 2025

Мицкоски за аерозагадувањето: Когенеративни централи, организирани депонии, централно греење…

Се согласам со тоа дека изминатите децении многу малку или речиси ништо не е направено во делот на борбата за почист воздух. Но, исто така и во делот на средување на животната средина во која што живеат граѓаните, тука пред се мислам на организирано одлагање на отпад, на прочистување на отпадните води, на обезбедување на питка вода за пиење за населението, организирани системи за одведување на отпадни води… Станува збор за навистина акутен проблем кој што е децении стар и преку ноќ не може да се реши, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски на мадзорната расправа за аерозагадувањето во Собранието и наведе неколку проекти кои Владата ги презема за почиста животна средина.

Објавено на

часот

Сподели

Според премиерот, со реалокација на средства од централниот буџет кон општините се финансираат проекти за обезбедување на вода за пиење, за организиран систем за одведување на отпадните води, за организирани системи за одлагање на смет…

Во однос на загадениот воздух, Мицкоски истакна дека најголем причинител за таквата состојба е системот на затоплување на домаќинствата, јавните и индустриски објекти.

„За решавање на овој проблем потребно е да се изградат таканаречени когенеративни гасни централи кои што можат да служат и за производство на електрична енергија и за производство на топлина. Но, за сето тоа да се случи потребна е и подземна инсталација за да може таа топла вода да дојде до домаќинствата, до јавните објекти и до индустриските објекти“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека во таа насока се субвенциите за инсталирање на ефикасни котли на гас во јавни објекти, топлинските и геотермалните пумпи.

„Како влада се заложивме и сме во напредна фаза на одблокирање на заем од Светска банка да бидеме пријателска влада кон околината преку реконструкција на јавните објекти. Многу работи се случуваат и ќе продолжат да се случуваат“, изјави премиерот Мицкоски и додаде дека за проблемот со градежната прашина треба да се зголеми дисциплината на оние кои што ја создаваат, а граѓаните ги охрабрувам да пријавуваат.

„За решавање на овој проблем единствен начин е да се зголеми дисциплината на оние коишто ја создаваат, а од друга страна граѓаните да пријавуваат доколку забележат вакво девијантно однесување со цел градежниот инспекторат да излезе на лице место и да го констатира истото. Тоа се најчесто компаниите коишто вршат градежни активности и мислам дека дисциплината не е на високо ниво“, истакна Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ