вторник, 23 декември 2025

Мицкоски: Илинден е вистината за Македонија која живее

Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност. Илинден е вистината за Македонија која живее. Тоа не е само историја – тоа е жив идентитет, потсетник на стремежот за слобода, правда и сопствена држава. На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои ја започнаа нашата борба за самостојност и достоинство“, се наведува во честитката на претседателот на Владата Христијан Мицкоски по повод 2 Август – Денот на Републиката, Илинден.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Тој стремеж денес е остварен, но не и завршен, се додава. Затоа, Илинден не е само повод за чествување, туку и за одговорност. Одговорност што ја имаме како народ и граѓани, но особено како институции, да го продолжиме патот започнат во Крушево и потврден во АСНОМ, со работа, чесност и грижа за иднината“, се посочува во честитката од премиерот.

Како Влада, се додава понатаму, свесни сме дека довербата на граѓаните е обврска што се оправдува со резултати. Затоа сме посветени да ја направиме Македонија држава на можности – праведна, безбедна и просперитетна, со силни институции што ќе бидат на страната на граѓаните.

„Оваа генерација политичари има должност да покаже дека може подобро. И ќе покаже! Илинден нè обединува околу идејата за држава што ги надминува поделбите. Да извлечеме сила од историјата и да ја претвориме во иднина. Да ја продолжиме борбата, но со знаење, визија и одговорност. Нека е вечен Илинден! Нека е жива и вечна Македонија!“, порачува премиерот во честитката објавена на неговиот фејсбук профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ