Хари Мегваер е постојана мета на критики од фановите на Манчестер јунајтед поради слабите игри. Често добива и закани на социјалните мрежи, но овојпат работите отишле предалеку.
Мегваер добил мејл во кој пишувало дека е поставена бомба во неговиот дом. Тој го пријавил случајот во полиција по што тие со кучиња пристигнале да проверат дали навистина има бомба.
Полицијата и кучињата трагачи го проверуваат домот и дворот од местото каде што живее Мегваер со својата вереница и двете ќерки.
Тој и неговото семејство се шокирани, но Мегваер ќе продолжи да се подготвува за следниот меч на Манчестер јунајтед.
„Во изминатите 24 часа, Хари доби сериозни закани за неговата фамилија. Тој ја информираше полицијата која сега го истражува случајот. Безбедноста на неговото семејство и на оние кои се околу него е приоритет број еден за Хари“, изјави портпаролот на Мегваер.






