„Тоа се лаги кои созреале во циничната фантазија на украинската пропаганда“, кажа Дмитриј Медведев, кој беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, а сега е заменик претседател на рускиот Совет за безбедност.
„Тоа се лаги измислени за огромни суми пари“, кажа Медведев.
Претходно Вјачеслав Володин, претседателот на долниот дом на рускиот парламент, кажа: „Ситуацијата во Буча е провокација со цел дискредитација на Русија. Вашингтон и Брисел се сценаристите и режисерите, а глумците се во Киев. Нема факти – само лаги“.






