„Ги имаме сите можности за сопствен развој. Претходните санкции во голема мера ни беа добредојдени, нè принудија да развиеме замена за увозот во сите сектори, вклучително и научно-интензивните, да развиваме нови технологии, производи и лекови“, напиша тој на својот канал на Телеграм, пренесе Тасс.
„Владата веќе донесе одлуки да им помогне и на луѓето и на економијата во форма на социјални бенефиции, дополнително финансирање на секторот за висока технологија, земјоделството, банкарскиот сектор. Нема да има колапс во економијата“, рече Медведев.
„Покрај тоа, Русија има многу сигурни партнери не само во постсоветскиот простор, туку и во Кина, Југоисточна Азија и африканските земји. Таа е огромен, перспективен пазар, не толку конфликтен како европскиот. Резултатите од ова партнерство и соработка се сосема евидентни“, рече тој.






