„Досега нема пријава на штета предизвикана од мечки. Како и претходно и за последниот случај ги презедовме сите законски мерки. Веќе ги имаме информирано соодветните министерства – за земјоделство, шумарство и водостопанство, за животна средина како и за внатрешни работи“, изјави за МИА, Харис Ибраими, дректор на Националниот парк (НП) „Маврово“.
Додаде дека на територијата на НП „Маврово“ има над 180 мечки, и оти се преземаат сите мерки согласно со европските законски регулативи.
Не ретко мечки, заедно со мали мечиња можеа да се видат и на регионалниот пат Маврово –Дебар.






