„Зебра доаѓам“ беше кратката објава на социјалните мрежи со која Килијан Мбапе ги побудале навивачите на Јувентус.
Напаѓачот ги одработува последните месеци од договорот со ПСЖ, нема абер за продолжување на соработката и се очекува да замине од Париз по крајот на сезоната.
Со оглед на тоа дека зебра е симбол на Јувентус, многумина понаа да фантазираат за пристигнување на Килијан Мбапе во Торино и да му пишуваат на Французинот.
Но тешко е за верување дека може да се реализира една ваква зделка, Килијан Мбапе бара премногу пари и „старата дама“ во моментов не може да си дозволи такви суми. Исто така, еден ваков голем трансфер сигурно немаше да биде соопштен на ваков начин преку социјаните мрежи.
Пораката најверојатно е маркетиншки трик, но тоа не ги спречи навивачите на Јувентус на кратко да сонуваат за Влаховиќ-Мбапе во нападот.







