вторник, 23 декември 2025

Маж за неколку дена извршил 14 кражби, полицијата го фати на лице место

Објавено на

часот

Сподели

Преку временски поврзани дејствија во периодот од 01.03.2022 година до 06.03.2022 година, во вкупно 14 наврати, осомничениот со умисла извршил тешки кражби. Искористувајќи слични прилики, тој со провалување влегувал во помошни објекти, визби во станбени згради и еден параклис во Битола. Одземал различни предмети со намера противправно да ги присвои. Делата ги вршел со употреба на физичка сила и подесен алат, делувајќи врз заклучени врати. При последната кражба на 06 март бил затекнат и лишен од слобода.

„Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, особено имајќи предвид дека осомничениот во веќе поведени други постапки пред Основен суд Битола и Основен суд Ресен не бил достапен на органите на прогонот, јавниот обвинител до судот достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице“, соопштуваат од Обвинителсвото.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ