Таа пријавила дека од нејзината платежна картичка и биле повлечени 62.000 денари. По превземени мерки и активности утврдено е дека пријавениот е сторител на кривичното дело. Со него бил извршен службен разговор во кој во целост го признал извршувањето на кривичното дело.
Имено тој ја сликал картичката на оштетената и истата во повеќе наврати ја употребил на интернет сајт, каде потрошил 62.000 денари. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосното документирање ќе следи соодветна кривична пријава.






