вторник, 23 декември 2025

Марка: Трагедија на италијански се вика – Трајковски! (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Победата на Македонија во Палермо одекна како бомба во светот на фудбалот, сите пишуваат за големото изненадување на Боби Милевски и неговите избраници.

Шпанска Марка реши да тера малку мајтап со „аѕурите“, и објави статија со наслов „Трагедија на италијански се вика – Трајковски“.

Весникот потсетува дека поранешниот фудбалер на Палермо по втор пат ја остава Италија без настап на едно Светско првенство.

„Неговиот гол во 92. минута – го совлада Донарума со шут надвор од шеснаесетникот – ја запечати победата на Македонија од 0-1 и ја осуди Италија втор пат во низа да гледа Светско првенство на телевизија“ – пишува Марка.

Потоа Марка објаснува како Александар Трајковски со голот во Торино во октомври 2017 и математички ја отпишал Италија од првото место во групата, за „аѕурите“ потоа да го загубат баражот со Шведска и за прв пат по 60 години да не обезбедат настап на мундијал.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ