„Ова е една од причините, покрај недомаќинското работење на политичките директори, трите претпријатија да остварат вкупни загуби од 6 милиони и 147 илјади евра во 2024 година.
Како сакате Скопје да биде чисто и без ѓубре, со уредени паркови и да имаме јак притисок на вода кога во претпријатијата задолжени за таа услуга се работи недомаќински и неодговорно. Тие се управуваат од политички пиуни чија цел е да крадат, а за тоа да не одговараат? Дали некој одговарал за состојбата во Водовод каде независниот ревизор се сомнева во загубите на Водовод сомневајќи се дека загубите се додатни 8 милиони евра од прикажаното?
Како градоначалник на Град Скопје ќе поставам врвни професионалци за директори на овие три претпријатија кои ќе ги дигнат од калта, ќе работат домаќински и одговорно. Ќе ги вратат овие три претпријатија во добра финансиска кондиција, ќе ги подобрат услугите на претпријатијата, а со тоа ќе се подобри чистотата, јавното зеленило и притисокот на вода во мојот роден град Скопје“, вели Маневски.






