четврток, 25 декември 2025

Малолетничка тешко повредена во сообраќајка, таткото починал на лице место

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на два автомобили – „Рено” управувано од 21-годишен скопјанец и „Фолксваген поло” со кое управувал 48-годишен жител на Стајковци.

Возачот на автомобилот Рено се здобил со телесни повреди и откако му била укажана лекарска помош, тој е задржан во полициска станица.

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и за вештачење на примероци од крв и урина од возачот на другиот автомобил со цел да се утврди евентуално присуство на алкохол или други недозволени средства. Со наредба на јавниот обвинител ќе бидат обезбедени и снимките од видео надзорот на местото на несреќата преку системот „Безбеден град”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ