„Од откриените масакри во Буча и другите градови, војната го смени правецот, па оттогаш не сум разговарал директно со него, но тоа не го исклучувам во иднина“, изјави Макрон за телевизијата Франс 5, пренесе Ројтерс.
Русија ги нарече обвинувањата дека нејзините сили убиле цивили во Буча „монструозен фалсификат“ дизајниран да ја оцрни руската војска.
Запрашан зошто не го следеше примерот на другите европски лидери и не отпатува во украинскиот главен град Киев, Макрон рече дека доказ за поддршка сам по себе не е потребен по руската инвазија на Украина на 24 февруари.
„Ќе се вратам во Киев, но ќе одам таму да донесам нешто корисно… затоа што е очигледно дека не морам да отпатувам таму за да покажам поддршка“, рече Макрон, додавајќи дека со украинскиот претседател Володимир Зеленски разговарал околу 40 пати од почетокот на војната.
„Ако одам во Киев, тоа ќе биде да направам разлика“, рече тој.
Кремљ тврди дека започнал „специјална воена операција“ за демилитаризација и „ослободување“ на Украина од националистичките екстремисти. Украина и Западот го обвинуваат Путин дека започнал неиспровоцирана воена агресија.






