Емануел Макрон на почетокот на својата кампања за реизбор, пред новинарите одговараше на прашањето дали жали што пред околу две години го опиша НАТО како „клинички мртво“, пренесе Ројтерс.
„Русија нè повика да се разбудиме“, рече Макрон. „Отсекогаш сум сметал дека ни е потребно стратешко разбистрување и ние сме во процес да го добиеме“, додаде тој.
Тој рече дека настаните во Украина му ја дале на НАТО таа јасност бидејќи го вратиле на своето потекло.
Макрон рече дека ситуацијата на крајот на 2019 година, кога ја даде својата забелешка за НАТО, е различна од денешната и дека алијансата е неопходна за справување со руската инвазија на Украина.
Макрон рече дека не го исклучува заминувањето за Киев, но дека негов приоритет е да ги продолжи разговорите со претседателите на Русија и Украина, со кои повторно ќе разговара во наредните часови.
„Без нешто опипливо, одењето би било залудно. Ќе го сторам тоа кога ќе биде корисно“, рече Макрон.






