вторник, 31 март 2026

Макрон побарал итен прекин на огнот, Путин вината ја префрлил на Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Одговарајќи на загриженоста изразена од Емануел Макрон, рускиот претседател истакна дека руските вооружени сили што учествуваат во специјалната воена операција прават сѐ што е можно за да ги спасат животите на цивилите“, наведува Кремљ.

Двајцата разговарале и за преговорите меѓу Москва и Киев и за позицијата на Москва за тоа како може да се постигне договор, се вели, без да се дадат повеќе детали.

Францускиот претседател му рекол на својот руски колега дека е „екстремно загрижен“ за ситуацијата во Мариупол, кој е погоден од постојано гранатирање во последните денови, соопшти кабинетот на францускиот претседател.

Макрон побарал од Путин да ја прекине опсадата на Мариупол, да овозможи хуманитарни коридори и да нареди итен прекин на огнот, соопшти кабинетот на Макрон.

Францускиот претседател, кој неколку пати разговараше со Путин, ги повторил замерките за нападите врз цивили и руското непочитување на човековите права во Украина, соопшти Елисејската палата.

Според соопштението, Путин вината за војната ја префрлил на Украина.

„Разговорот траеше нешто повеќе од еден час“, додаваат од Елисејската палата.

Претходно денеска Путин разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој исто така повикал на итен прекин на огнот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ