На прашањето дали тој како американскиот претседател Џо Бајден би го користел терминот „геноцид“ за убивањето Украинци од страна на руската војска, Макрон кажа: „Денес би бил внимателен со таквите термини бидејќи овие два народи (Русите и Украинците) се братски“.
Додаде дека сака да продолжи да се обидува да ја сопре војната и да го обнови мирот.
„Не сум сигурен дека ескалацијата на реториката служи на таа цел“, додаде Макрон.
„Она што со сигурност можеме да гои кажеме е дека ситуацијата е неприфатлива и дека станува збор за воени злосторства. Живееме низ воени злосторства кои се без преседан на нашето тло, на европско тло“, кажа тој.
Францускиот претседател, кој се бори за реизбор, укажа и на соработката на Франција со Украина во истрагата на наводните воени злосторства.
„Русија еднострано почна исклучително брутална војна, сега е утврдено дека руската војска извршила воени злосторства и сега мораме да ги најдеме оние кои се одговорни“, кажа Макрон.






