Во регионот, падот на БДП во 2020 е најголем во Македонија, после оној во Црна Гора. Но, ако се земе предвид дека таа година во Црна Гора падот на економијата е заради нарушениот туризам (пандемија), како нивна најбитна стопанска дејност, тогаш излегува дека Македонија има најслаби перформанси и во 2020 година имајќи ги предвид сличните карактеристики со останатите земји во регионот.

Во 2021 година растот на БДП е најнизок во Македонија во споредба со податоците за економиите во Црна Гора, Косово, Албанија, Србија и Босна и Херцеговина.






