недела, 21 декември 2025

Македонија и Црна Гора се вовлечени во војната со санкции, изјави Лавров

Објавено на

часот

Сподели

Лавров смета дека САД го предадоа Балканот на ЕУ и се задоволни од агресивната антируска линија што ја спроведува Унијата.

„Никогаш не наметнуваме нешто со сила. Западот така се обидува да ја наметне својата линија. Со економски притисок, закани, уцени, ултиматуми… ако сакате да влезете во ЕУ мора да заземете антируска линија. Ова не е пристојно. Не можете така да се однесувате ниту во општеството, ниту дома, ниту со пријателите, ниту на меѓународната сцена. Особено кога се обидуваат да ги притиснат сите. Претседателот на Србија Александар Вучиќ повеќе пати се осврна на оваа тема. Србија е мала земја, но, таа има своја гордост, интереси, вели Вучиќ. Сега се обидуваат едноставно да ги „стеснат“ и да ги претворат во инструмент на западната политика. Исто како што се случи со Северна Македонија, Црна Гора, како што се обидуваат да направат со Босна и Херцеговина“, рече Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи најави подготовка на мерки за ограничување на влезот на граѓаните од земјите кои вршат „непријателски акции“ против Русија. Меѓу овие земји е и Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ