недела, 21 декември 2025

Македонија Ѓорче Петров ја победи Академија Пандев и ги задржа шансите за Европа

Објавено на

часот

Сподели

Тоа беше и дерби на колото, Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев имаа по неколку одлични шанси, но натпреварот беше решен пред самиот крај.
 
Во 85. минута Адем погоди од пенал и донесе три големи бода за Македонија Ѓорче Петров со кои на три кола пред крајот има два бода помалку од нивниот денешен ривал Академија Пандев и три помалку од Шкендија.
 
Во другите денешни натпревари победа извојува и Борец кој со 1-0 го совлада Скопје, Пелистер и Тиквеш одиграа 1-1, а со ист резултат заврши и дуелот меѓу Ренова и Струга ТЛ.
 
Вчера Брегалница со 4-1 го победи новиот шампион Шкупи, а Шкендија со 1-0 беше подобра од Работнички.
 
Табела:
 
1. Шкупи 71
2. Шкендија 59
3. Академија Пандев 58
4. Македонија ЃП 56
5. Брегалница 42
6. Струга ТЛ 40
7. Ренова 39
8. Работнички 37
9. Тиквеш 31
10. Скопје 29
11. Борец 21
12. Пелистер 11
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ