недела, 21 декември 2025

Македонците се скараа во Сараево, Велкоски е отстранет од тимот

Објавено на

часот

Сподели

На полувремето од мечот против Борац Бања Лука кој Сараево го загуби со 2-1, Васоски одлучил да го замени Велкоски на полувремето а на нему тоа не му се допаднало по што бурно реагирал.
 
Велкоски веќе еднаш на почетокот бил опоменат за нарушување на атмосферата во тимот, па по овој инцидент со Васоски, раководството на клубот се одлучило да го отстрани напаѓачот од тимот на кој е и капитен.
 
„Поради кршење на клупската дисциплина почната е дисциплинска постапка против Крсте Велковски. Фудбалер кој и претходно во оваа сезона е усмено опоменат поради недисциплина и нарушување на атмосферата во тимот, а клубот по натпреварот против Борец одлучи и официјално да почне постапка против него“, стои во соопштението на Сараево.
 
„Велкоски непримерно реагирал и искажал непочитување кон тренерот и соиграчите на полувремето од натпреварот во Бања Лука, откако дознал дека тренерот одлучил да направи замена и да го остави во соблекувалната. Таквиот гест е непримерен за било кој фудбалер на ФК Сараево, а особено за капитенот кој треба да биде пример за останатите фудбалери“.
 
„Напаѓачот е отстранет од тренажниот процес на првиот тим, ќе тренира индивидуално и нема да биде во конкуренција за натпреварите“.
 
„Велкоски оваа сезона има вкупно 24 настапи во сите натпреварувања и постигнато само еден гол“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ