понеделник, 22 декември 2025

Мајката си го брани синот: Не сфаќам зошто Рабио постојано е мета на критики

Објавено на

часот

Сподели

Рабио како слободен играч во летото 2019 отиде во Јувентус, но постојано игра во променлива форма. Тој е еден од најплатените фудбалери во клубот со годишна плата од 7 милиони евра.
 
Италијанските медиуми го критикуваат бидејќи не прикажува квалитет соодветен на платата која ја добива.
 
„Не знам каде е негативната слика која ја користат медиумите за да не уништат“, вели Вероник.
 
„Адриен нема што да докажува, тој игра фудбал и тоа е негова пасија на теренот и надвор од него“.
 
„Кога не игра, си има свој живот кој не го користи за да се правда себеси. Во Италија велат дека не е доволно добар, но нему не му е гајле за тоа дали ќе ги одигра сите натпревари“.
 
„Целта на фудбалерите е да достигнат максимални нивоа, но не сите знаат колку многу жртви повлекува тоа, и каков силен менталитет треба да имаш во животот. Сите мислат дека фудбалерите се платени премногу, но ништо не знаат што им се случува друго“.
 
„Не му опростиле ништо на мојот син. Секогаш е критикуван, од 17 години. Секој прави грешки, фудбалерите не се роботи. Имаме одличен однос и во приватниот и во професионалниот живот. Не разбирам зошто секогаш сме мета на медиумите, можеби затоа што не зборуваме многу со нив“.
 
Рабио има одиграно 120 натпревари за Јувентус, постигнато шест голови и шест асистенции. Оваа сезона има 36 мечеви во сите натпреварувања.
 
Неговиот актуелен договор е до јуни 2023 година, но веројатно ќе биде продаден на лето.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ