Лукровски рече дека проблемите на Карпошани не соодвествуваат на 21 век.
„Направивме анкета пред два и пол месеци да ги откриеме проблемите со кои главно се соочуваат Карпошани. Морам да кажам дека не соодвествуваат на нешто што е одлика 21 век’’, рече тој.
„Конечно после 30 години многу блиску сме до состојба, во Карпош да оствариме нова корелација помеѓу локалната и централната власт. Често имам чест да кажам дека имаме и Карпошанец премиер, што ми е особено драго. Така, ќе имаме една добра синергија и јас сум човек кои вие добро го знаете, што би рекол народски на глава ќе се ‘качам’’ додека не издејствувам нешто добро за нашите сограѓани’’, потенцираше Лукровски.
Тој за работата на актуелните градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вели дека тие одлично си ја вршат својата работа.
„Мене ме радува тоа што граѓаните препознаваат работа, чесност. Имаме четири години локална власт, каде што во најголем дел градоначалници се од нашата партија. Не видовме ниту еден скандал. Го живеам денот со многу пријатели, мојата струка ми дозволува да се гледам со повеќе луѓе и овој тренд на доверба на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува’’, заклучи Лукровски.






