„Русија ѝ нуди на Украина апсолутно прифатлива верзија на договорот, тоа сигурно го знам“, рече Лукашенко, истакнувајќи дека сè уште е можно Зеленски да потпише договор со Путин.
„Доколку Зеленски одбие да го стори тоа, тогаш верувајте ми, за кратко време ќе мора да потпише чин на капитулација“, рече Лукашенко.
Русија „нема да ја изгуби оваа војна“, рече белорускиот претседател. „Убеден сум дека овој конфликт, руската операција, наскоро ќе заврши и ќе се постигне мир“.
Тој нагласи дека Западот нема да ја вовлече Белорусија во овој конфликт, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
„Убеден сум дека нема да мора да се бориме со Украина. Западот нема да нè вовлече во овој конфликт“. Белоруските власти се „доволно паметни да не бидат вовлечени во конфликтот кон кој нè туркаат Американците заедно со своите партнери“, рече Лукашенко.






