недела, 15 март 2026

Лукашенко најави средба со Путин во рамки на воените вежби на Русија и Белорусија

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи за време на посетата на воениот полигон Асиповицки, Лукашенко не кажа дали руските трупи ќе почнат да ја напуштаат неговата земја по маневрите, но истакна дека „нема потреба за создавање руски воени брзи во Белорусија“.

„Нештата ќе се решат утре“, кажа Лукашенко, мислејќи на средбата со Путин.

Во Москва, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа денес дека вежбите ќе завршат како што е планирано на 20 февруари, но не коментираше дали руските сили веднаш ќе заминат.

Имајќи предвид дека Белорусија граничи и со источното крило на НАТО и со Украина, вежбите, во кои учествуваат околу 30.000 руски војници, предизвикуваат паника кај Западот околу вистински намери на Кремљ бидејќи собрале, според проценките на западните разузнавачки служби, околу 130.000 војници во областите во близина на границата со Украина.

Министерот за надворешни работи на Белорусија Владимир Макеј на 16 февруари кажа дека руските трупи целосно ќе се повлечат од Белорусија по завршувањето на вежбите.

Но Лукашенко кажа дека ќе разговара со Путин за да одлучи „кога, под кои услови и по кој распоред“ ќе заминат руските трупи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ