понеделник, 22 декември 2025

Лукаку само на еден начин може да се врати во Интер

Објавено на

часот

Сподели

„Тутоспорт“ минатата недела излезе со ексклузива дека Лукаку барал од раководството на Интер да го вратат во клубот, им пишал и на поранешните соиграчи дека е отворен за враќање.
 
Интер е во финансиски тешкотии, па не е во состојба да плати преку 100 милиони евра за да го врати, има само една опција за тој следната сезона повторно да го облече сино-црнио дрес.
 
Тоа е позајмица, Интер би го вратил Лукаку само доколку успее да се договори со Челси тој да настапува во италијанскиот клуб како позајмен играч.
 
Не се исклучува можноста Челси да го прифати тоа со оглед дека Лукаку игра лошо, седи на клупата, а добива огромна плата.
 
Но пред да се случи нешто конкретно, најпрво треба Челси да ја смени сопственоста, пред клубот да добие нов газда сите трансфер активности им се стопирани.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ