среда, 24 декември 2025

Лукаку сака да се врати во Интер, прифаќа и помала плата но…

Објавено на

часот

Сподели

Ромелу Лукаку минатото лето го напушти Интер, се врати во Челси и стана вториот најскап трансфер во историјата на Премиерлигата.

Но неговата авантура на „Стемфорд Бриџ“ не оди според планот, Ромелу Лукаку не се вклопува во тактичките замисли на Томас Тухел, не игра на очекуваното ниво па често е критикуван.

Според пишувањата на Газета дело Спорт, Ромелу Лукаку не е среќен во Лондон и сака да се врати во Интер, дури е подготвен и да има помала плата.

Сепак, неколку извори пренесуваат дека еден ваков трансфер не се вклопува во плановите на „нероаѕурите“. Клубот од „Џузепе Меаца“ се обидува да склопи конкурентен тим но и да ги намали трошоците, па не може да влезе во голема инвестиција, Челси сигурно ќе сака да си поврати голем дел од сумата која ја плати за ангажман на голгетерот (115 милиони евра).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ