Кариерата на Лорис Кариус драстично се промени во 2018 година, голманот имаше големи киксови во финалето од Лигата на шампионите и практично на Реал Мадрид му ја подари победата од 3-1 во Киев.
Јирген Клоп и „црвените“ веднаш го шкртнаа Германецот, тој потоа беше испратен на двегодишна позајмица во Бешикташ, која заврши со тужба за неисплатени плати и предвремен прекин на соработката.
Во 2020 следеше нова позајмица и преселба во редовите на Унион Берлин, а откако не се наметна и таму, минатото лето се врати на Енфилд. Ливерпул се обидуваше да му најде нов клуб, но неговата неделна плата од 65.000 фунти беше премногу за сите оние кои пројавија инттерес и тој остана дел од „црвените“.
Но Лорис Кариус само на хартија е член на Ливерпул, нема одиграно ниту една минута и е четврти избор за местото помеѓу стативите. Голманот очигледно има доста слободно време за теретана па изненади со новиот изглед, се направил ѕвер
View this post on Instagram






