среда, 1 април 2026

Лондонски Хитроу во март имаше најмногу патници од почетокот на пандемијата

Објавено на

часот

Сподели

Низ Хитроу во март минале 4,2 милиони патници, речиси осум пати повеќе од истиот месец минатата година. Во последниве недели, на воздухопловниот сектор му било тешко да одржи чекор со големата побарувачка поради честите боледувања и потешкотиите во наоѓањето нови работници и нивните безбедносни проверки.

Хитроу соопшти дека „ресурсите се преоптоварени“, додавајќи дека „тесно соработува со авиокомпаниите и техничките служби за да ја задоволи зголемената побарувачка, истовремено заштитувајќи ја безбедноста на патниците“.

„Фантастично е да се гледа како аеродромот се враќа во живот по две години и сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги во Хитроу за нивната соработка во обезбедувањето услуги на нашите патници“, рече извршниот директор Џон Холанд-Кеј.

Зголемувањето на бројот на патници се должи на владиното укинување на сите ограничувања за патувања што ги воведе поради пандемијата на коронавирус.

Побарувачката е зголемена поради патувањата во странство за време на викендите и за време на училишните празници, соопшти лондонскиот аеродром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ