недела, 21 декември 2025

Ливерпул се разбуди во второто полувреме и го сруши сонот на Виљареал (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Виљареал и Ливерпул одиграа фантастичен меч со две различни полувремиња кои го доби англискиот тим со 3-2 и заслужено ќе се бори за големиот пехар.
 
Натпреварот почна со шок за Ливерпул, Виљареал поведе по една убава акција со гол уште во третата минута на мечот, Диа беше стрелец.
 
 
Во 41. минута Кокелан постигна погодок со глава за водство на Виљареал од 2-0. Во тие моменти беше анулирана негативата од Енфилд, шпанскиот тим имаше реми.
 
 
Иако во вториот дел се тргна со вкупен резултат од 2-2, а Виљареал ја имаше поддршката од својата публика, сепак Ливерпул покажа дека е поквалитетен тим.
 
Тимот на Клоп тргна во напад и тоа резултираше со гол на Фабињо во 62. минута од натпреварот.
 
 
Само пет минути подоцна нов гол во мрежата на Руљи, двата ги прими меѓу нозе, а овојпат стрелец беше Луис Диаз. Резултатот на Ел Мадриграл беше израмнет.
 
 
Во 74. минута гол постигна и Мане, по уште една лоша интервенција на Руљи за конечна победа на Ливерпул од 3-2.
 
 
Вкупниот резултат од ова полуфинале беше 5-2 во корист на Ливерпул, тие се во финалето и утре ќе го чекаат подобриот од дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ