Резултатот го отвори Диого Жота во 22. минута кој погоди со глава по една убава асистенција од Гомез.
Ватфорд имаше неколку убави шанси на натпреварот, не ги искористи, па Ливерпул во самиот финиш ги постави конечните 2-0.
По прегледување на ВАР беше покажан пенал за црвените кој го реализираше Фабињо за 2-0.
Ливерпул сега има два бода повеќе од Манчестер Сити, но тимот на Пеп Гвардиола допрва треба да игра кај Барнли кој е претпоследен на табелата.






