недела, 21 декември 2025

Ливерпул е пресилен за Манчестер јунајтед, убедлива победа на Енфилд (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Поради моменталната форма, Ливерпул беше фаворит на овој меч, а предвидувањата се пресликаа и на теренот, Манчестер јунајтед изгледаше немоќно.
 
Црвените Ѓаволи на овој меч играа без Кристијано Роналдо на кој синоќа му почина новородениот син. Поради ова навивачите на Ливерпул му оддадоа почит на Португалецот со аплауз во седмата минута од натпреварот.
 
Но, Ливерпул немаше милост кон Манчестер јунајтед на теренот. Дека ќе биде лошо за тимот на Рангник, најави Диаз уште во петтата минута од натпреварот.
 
Салах во 22. минута зголеми на 2-0, со тој резултат се отиде на одмор, а во второто полувреме Ливерпул даде уште два гола.
 
Најпрво Мане во 68. минута зголеми на 3-0, а на пет минути пред крајот Салах со својот втор гол на мечот ги постави конечните 4-0.
 
По оваа победа Ливерпул се качи на првото место на табелата со два бода пред Манчестер Сити, но тимот на Пеп Гвардиола има меч помалку.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ