Вулвс одлично го почна мечот, по првото полувреме водеше со 2-0 со голови на Џони и Тринкао.
Клучниот момент се случи во 53. минута кога Раул Хименез доби втор жолт картон и домаќините останаа со фудбалер помалку.
Лидс успеа за три минути да даде два гола и да израмни. Харисон намали во 63. минута, а Родриго во 66. изедначи на 2-2.
Се чинеше дека овој меч така и ќе заврши, но во 91. минута Ајлинг даде гол за комплетен пресврт и победа на Лидс од 3-2.






