понеделник, 22 декември 2025

Левица пред Уставен суд ќе ги оспори двојазичните полициски униформи

Објавено на

часот

Сподели

Согласно тој правилник, велат од Левица, униформите се идентични на целата територија на државата и истите не може да се разликуваат во зависност од општините каде се извршува работата.

„За време на економска и енергетска криза, Владата на СДСМ и ДУИ својата неспособност ќе ја прикрива со решавање на непостоечки прашања во општеството, кои водат кон разнебитување на унитарниот карактер на државата. Затоа, Левица ќе ја оспори неуставната владина Уредба за униформата и ознаките на Униформата на полицијата пред Уставниот суд“, се вели во партиското соопштение.

Левица нагласува дека во изминатите две години, македонското население доживеа низа човечки трагедии, како последица на коруптивните кадри на оваа владејачка коалиција.

„СДСМ покажува дека нивниот фокус не е веќе на добивање на следните избори, туку задржување на овој мандат по секоја цена, додека ДУИ ја користи нестабилноста на мнозинството за да обезбеди политички поени. Сепак, ова нема да ја спречи владината коалиција да ја закити оваа против-уставна Уредба со невистинити квалитети за инклузивност и прогресивност. Зад овие флоскули стојат регресивни мотиви и желби. Политичката и општествена застапеност на албанската заедница е остварена и одамна на оптимално ниво, но, таа улога многу долго ја врши истата криминална партија, која непрестано покажува дека не ги штити интересите на албанските жители, туку исклучиво работи на зголемување на расцепот во нашето општество“, наведува Левица во своето соопштение.

Прогресивната политика подразбира хомогенизација на чувството на припадност и надминување на потребата за етно-трибалистичко етикетирање на сите аспекти од општествениот живот. Под идејата за инклузивност тлеат вистински апетити за федерализација и конечна формална поделба на политичкиот плен. На крајот на оваа цел, стојат многу поголеми предизвици за инклузија, кои допрва ќе треба да ги решаваме, бидејќи сегашните власти активно работат на разнебитување на заедничките врски.

Од највисоко значење е запирање на овие процеси, затоа што македонската државност е загрозена од сите страни – во внатрешната и во надворешната политика, и потребно е да се застане во одбрана на принципите кои ни го сочинуваат суверенитетот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ