понеделник, 8 декември 2025

Левица поднесе предлог законски измени за апанажа на работниците и поголема субвенција за студентски оброк

Објавено на

часот

Сподели

„Во постоечкиот закон има околу десеттина таксативно наброени услови за обичниот работник да добие апанажа после добивање  отказ, додека за функционерите тоа практично не постои. Ние со овој закон тоа го корегираме и тие услови се отстрануваат и остануваат само три услови, кои важат и за функционерите.

Дополнително, поднесуваме нов предлог-закон за измена на Законот за субвенциониран студентски оброк. Постоечкиот закон, кој е донесен 2020 година, треба да се корегира затоа што кризата се продлабочи. Студентите моментално добиваат 120 денари дневно, што е околу 2.400 денари месечно.

Со нашата измена, тоа се покачува за 30 денари, што значи 150 денари дневно и отприлика 3.000 денари месечно. Ние знаеме дека е мало покачувањето, но поголемо покачување сметаме дека ќе биде одбиено од власта”, изјави Крмов.

[video:https://youtu.be/zggJcGLrm3s autoplay:0]

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ