„Разликите се особено воочливи во колоната „Не е верник (атеист)“, каде во првичните резултати бројката на овие лица изнесуваше 355, а во новите нелегално изменети и дополнети резултати оваа бројка е зголемена на 8.764 лица! Покрај тоа, во табелата за религиска припадност можат да се забележат и други евидентни нелегални интервенции со кои се променуваат и други колони и вредности.
Сомневањата на мнозинството народ во веродостојноста на резултатите од пописот, сега добиваат и официјална поткрепеност, со конкретно преземени противправни/кривични дејства од страна на службените лица во Државниот завод за статистика.
Законот за попис на населението предвидува кривична одговорност за слични вакви дејства во членот 49 став 1 каде „се казнува лице што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да бидат неупотребливи внесените податоци на пописната апликација и тоа со со казна затвор од најмалку 3 години”. Дополнително, доколку ова кривично дело го стори учесник во Пописот или друго службено лице, ставот 2 од членот 49 предвидува казна затвор од најмалку 5 години за сторителот.
Ваквото брутално кршење на законите е само потврда на очигледниот фалсификат на пописот, за кој Апостол Симовски како главен извршител мора во иднина да понесе одговорност, иако сега ужива заштита од хибридниот режим“, соопшти Левица.








