„За потсетување – идејата за Санстефанска Бугарија, која за жал и денес е присутна во официјална Софија, е идеја за т.н. ‘Голема држава’, која на Балканот е остаток од неоврховистичките и фашистички тенденции на почетокот на минатиот век. Во склоп на сонот за ‘Голема Бугарија’, влегуваат и територии на независна Република Македонија.
Ваквиот чин на министерот Османи и понижување на македонскиот народ, укажува на тоа дека актуелната Влада ја доведе државата во подредена положба, а со вчерашното честитање на Санстефанска Бугарија, де факто продолжува да ја гаи традицијата на квислингство, антимакедонизам и вазалство, практикувана од владејачките СДСМ и ДУИ.
Министерот Османи наместо да ги застапува националните интересите на Македонија и да се бори за истите, тој потклекнува пред притисоците и неофашистичката реторика на Бугарија и, служејќи на туѓите интереси, го потценува македонскиот народ и неговата борба.
И покрај тоа што Владата нема легитимитет, а нивната надворешна политика не наидува на никаква поддршка кај граѓаните, СДСМ и ДУИ продолжуваат да ги поткопуваат темелите на македонската државност“, се вели во реакцијата на Левица.
Most cordial congratulations to @TGenchovskaMFA on #Bulgaria National Day. Confident that our relations will continue to grow, in the interest of our citizens and their common ?? future. ?? ? ?? @MFABulgaria pic.twitter.com/Eb7nGHZuh7
— Bujar Osmani (@Bujar_O) March 3, 2022






