Барди најверојатно ја игра последната сезона во Леванте, на лето се очекува да направи трансфер и да замине во друг клуб.
Но, Леванте не сака тој да си замине бесплатно па ја искористи опцијата да му го продолжи договорот до 2024.
Актуелниот договор на Барди истекуваше по крајот на оваа сезона, но клубот имаше клаузула според која може да му го продолжи на уште две години. Токму тоа е и сторено.






